social image
ВИНАРИЈА ДРУМ  
ЕДНА ПОИНАКВА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА

Винарија ДРУМ го преточува богатството на виничкиот тероар во вина низ кои пулсира животворната сила на природата - со сета нејзина раскош на ароми, вкусови и мирисни ноти.

Инспирирани од природата, водејќи се од македонската традиција на правење вино - стара над 4.000 години, потпирајќи се на современата технологија и иновативен процес на производство, денес со гордост можеме да ви ги презентираме нашите 7 вина.

Добредојдовте во Винарија Друм каде секое вино креира симфонија на вкусови и раскажува една поинаква приказна – приказна за страста, традицијата и неспоредливата убавина на нашата земја.
Лоцирана во селото Драгобраште, на надморска височина од 600 метри, во едно од најплодните виногорја на Македонија, во далечната 2009 година ги засадивме нашите винови лози за да можат да раскажат една нова приказна.

Од листот на виновата лоза, до секое зрно грозје ... преку дивите овошки и цветови, скриени во недопрената природа ...таа приказна пулсира и се слева во секое шише од нашите вина. Со секоја голтка прави да откривате нови светови на егзотични вкусови од кои трепери душата.
РЕГИОН  

Винаријата Друм е сместена во Кочанско-Виничкото виногорје кое претставува дел од централниот вински регион на Македонија - Повардарие - каде се произведува 83% од вкупното производство на вино во Макдонија. Ова виногорие ги опфаќа градовите Пробиштип, Кочани и Виница.

КЛИМА: медитеранска клима
ВИСИНА: 300 – 500 метри
ТЕРЕН: најголем дел - ридест со благи падини
СОНЧЕВИ ДЕНОВИ ГОДИШНО: 180 дена
ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ: умерена
"НАГРАДУВАНИ ВКУСОВИ КОИ ГИ БУДАТ СЕТИЛАТА"

На фестивалот „Open Balkan Wine Trophy 2023“ кој се одржа во во Белград – Србија, нашите вина се закитија со два златни медали и три сребрени медели.

Златни медали
Drum Merlot 2020
Drum Sauvignon Blanc 2022

Сребрени медали
Drum Cuve 2020
Drum Cabernet Sauvignon 2020
Drum Roze B&B 2022